Тајфунот Нору стигна до брегот на Виетнам

Сподели со своите пријатели

Тајфунот Нору утринава стигна до брегот на Виетнам, носејќи силен ветер и силен дожд, соопшти Националниот метеоролошки институт.

Loading...

Брзината на ветрот беше помеѓу 103 и 117 километри на час, а централниот дел на бурата беше помеѓу Да Нанг и Куанг Нам.

Во Да Нанг, третиот по големина град во Виетнам, зградите беа оштетени од силните ветрови кои корнеа дрвја и однесоа покриви.

Повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа бидејќи синоптичарите предупредија дека Нору ќе биде еден од најсилните тајфуни што ќе го погодат Виетнам.

Половина од аеродромите во Виетнам беа затворени, како и училиштата и продавниците во неколку централни провинции, вклучително и Да Нанг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Лондон: Со возилото удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч

Нора претходно ги погоди Филипините, каде загинаа шест лица.