Австрија воведува контрола на границата со Словачка

Сподели со своите пријатели

Австрија од полноќ воведува контрола на граничните премини кон Словачка, објави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер во изјава за радио „Ое1“.

Loading...

Одлуката за воведување контрола е донесена откако Чешка поради зголемениот број на мигранти од денеска воведе контрола на граничните премини кон Словачка, беше објаснето во Виена.

Како резултат на мигрантскиот бран во 2015 година, Австрија претходно воведе гранични контроли со Словачка, па ги укина поради намалување на бројот на мигранти.

Но, граничната контрола е оставена на границата со Унгарија, каде полицијата и војската ги надгледуваат сите возила кои влегуваат во Австрија и во случај на сомневање ги запираат и ги претресуваат.