ТК „Тумба“ организираше Отворено првенство на Македонија во детски тенис (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово викендов беше домаќин и организатор на отвореното тениско првенство на Македонија во детски тенис во конкуренција за јуниори и јуниорки до 11 години ЗЕЛЕН ТЕНИС.

Loading...

Во одлични услови и организација на турнирот продефилираа 25 момчиња и 25 девојчиња од целата држава.

 

 

– Нашиот клуб за прв пат како дебитанти на еден турнир го претставуваа Теодора Божиновска, Софија Трајковска, Јована Спирковска, Калин Андов и Алексеј Стошиќ кои имаа забележителен настап и достојно не представија, информираат од ТК „Тумба“.

 

Loading...

 

Победник на турнирот кај момчињата е Лука Јанев од Т.К Триумф кој беше подобар од Дамјан Стефанов од Т.К.Поинтер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

Кај девојчињата триумфираше Јована Вељановска од Т.К. Југ  која во финалниот меч ја победи Кирстен Петак од Т.К.Куг.

Настанот помина во фер и спортска атмосфера.