Оптичка илузија ќе ви го помати умот: Ќе го видите она што не постои!

Сподели со своите пријатели

Фотографија од глава на жена провлечена е под популарниот ефект „негатив“, а нашите очи гледаат бои што ги нема на фотографијата ако ја гледаме премногу долго.

Имено, потребно е да се погледне фотографијата 30 секунди, а потоа да погледне во белиот ѕид и истата жена ќе се појави, но овој пат со кафеава коса.

 

 

Откако ја погледнавте црвената точка на носот 30 секунди и потоа го свртевте погледот кон празниот ѕид и брзо трепнете со очите, треба да се појави малку поинаква слика. Ќе се види кафенокоса девојка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопственичка казнета со 1.250 евра оти нејзината мачка одела кај соседите

Оваа илузија делува на клетките во очите кои реагираат на боите. Гледањето на една боја подолго време може да ги ослаби клетките, па кога ќе погледнете настрана, ќе можете да видите бои кои се на спротивниот крај на спектарот во споредба со оригиналната фотографија.

Фотографијата на нејзиниот Фејсбук профил ја објави Џеки Ероу Стјуарт и е споделена повеќе од 135 000 пати.