Во Кашмир автобус падна во провалија, најмалку девет загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа денеска, а 27 други се повредени откако минибус падна во длабока провалија во индискиот дел на Кашмир, соопштија официјални лица, пренесува АП.

Loading...

Повеќе од 36 патници се наоѓале во автобусот кога се случила несреќата во областа Пунч во индиската држава Џаму и Кашмир, изјавија властите за индиските медиуми.

Наведено е дека спасувачките напори на армијата, полицијата и локалните жители се во тек.

Минатиот месец автобус со членови на паравоена милиција во регионот Кашмир се лизна од планински пат и се преврте во река, при што загинаа шест лица, а повеќе од десет беа повредени, пренесува АП.

Секоја година на патиштата во Индија гинат или повредени стотици илјади луѓе.

Повеќето од несреќите се предизвикани од несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила, наведува АП.