Претседателот на Украина Володимир Зеленски го одликуваше Халук Бајрактар, главниот извршен директор на водечката турска компанија за одбранбена индустрија Бајкар, со Државен орден за заслуги од прв степен.
Од кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека Зеленски го примил Бајрактар и му врачил „Орден за заслуги од прв степен“.
– Учесниците на состанокот беа фокусирани на понатамошната соработка на Украина со компанијата Бајкар за зајакнување на одбранбените способности на украинските вооружени сили – соопштуваат од кабинетот на Зеленски.
Ukrayna Devlet Başkanı @ZelenskyyUa tarafından 1. Derece Devlet Liyakat Nişanı ile taltif edildim.
Bu kıymetli takdire layık gören Sayın Cumhurbaşkanına teşekkür ederim.
Barış ve adaletin hakim olduğu bir dünya için çaba göstermeyi sürdüreceğim. pic.twitter.com/w5cy28K2pq
— Haluk Bayraktar (@haluk) September 9, 2022
Зеленски и Бајрактар разговарале и за деталите за изградбата на фабриката Бајкар во Украина и за производство на нова стока со користење на украински делови. Тој и се заблагодари на Турција за поддршката во време на руско-украинската војна.
Состанокот на Твитер ја потврди и Бајрактар, кој сподели фотографија со медалот.
– Би сакал да му се заблагодарам на господинот претседател за ова вредно признание. Ќе продолжам да се залагам за свет во кој ќе преовладуваат мирот и правдата – рече тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.