Новинарите на BBC облекоа црно, сменета и бојата на сајтот
По веста дека здравјето на кралицата Елизабета се влошило и дека е под лекарски надзор, австралискиот новинар Чад Рајан се огласи на Твитер тврди дека новинарите на Би-Би-Си веќе облекле црно.
Тој наведе и други наводни настани по веста за кралицата.
Веб-страницата на БиБиСи е сменета во црна.
Водителите на Би-Би-Си се пресоблечени во црна облека.
Tomorrow’s Changing Of The Guard ceremony has been cancelled.
Source: BBC.
— Chad Ryan (@ChadwikoTWW) September 8, 2022
BBC One ја откажа својата редовна програма до 18 часот.
„Ова звучи како да сме во операцијата Лондон Бриџ“.
Имено, веб-страницата на Би-Би-Си моментално не изгледа ништо поразлично од вообичаеното, а првиот канал на Би-би-си неодамна го промени редовниот дневен распоред и емитува вести во живо бидејќи расте загриженоста за здравјето на кралицата Елизабета Втора.
За потсетување, кралицата е под постојан медицински надзор, а лекарите се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.
„По дополнителна проценка утрово, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението на палатата.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.