Одредени делови од Куманово утре ќе бидат без електрична енергија во текот на денот поради интервенции на мрежата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 12:00 до 14:00 часот прекини ќе има кај дел од корисниците во населбата Карпош.
Од 07:50 до 08:50 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Табановце, Сопот и Воиновиќ.
Во период од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од булеварот „Октомвриска револуција“.
Делови од селото Табановце без електрична енергија ќе останат во период од 07:50 до 14:30 часот.
Никола Ивановски