Русија го осуди рушењето на советските споменици во балтичките земји

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи денеска го осуди рушењето на спомениците од советската ера во балтичките земји како „русофобично“ и рече дека тоа ќе влијае на билатералните односи, пренесува Ројтерс.

Loading...

Уривањето на советските споменици во балтичките земји и другите русофобични акции на балтичките земји ќе влијаат на состојбата на билатералните односи, а Москва ќе преземе мерки како одговор, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.

Москва ги обвини Латвија, Литванија и Естонија за ксенофобија и дискриминација, велејќи дека тие земји ги третираат етничките руски малцинства како „луѓе од втор ред“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина изврши напади со дронови низ Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.