Селото Алгуња ќе добие водоснабдување вредно пола милион евра

Сподели со своите пријатели

Министерството за транспорт и врски активно и во континуитет продолжува со реализација на својата програма за изградба и реконструкција на патната инфраструктура низ државата и давање поддршка на локалните самоуправи за реализација на проекти кои се од суштинско значење за граѓаните.

Loading...

Министерот Благој Бочварски денеска оствари работна посета на општина Старо Нагоричане, каде со градоначалничката Жаклина Јовановска разговараа за инвестициите и тековните проекти кои се реализираат со поддршка од централната власт, но и за проектите кои ќе започнат со реализација во наредниот период.

 

 

Тие извршија увид во новоизградениот резервоар и реконструкцијата на водоводот во Младо Нагоричане, проект кој се реализираше преку Министерството за транспорт и врски и е комплетно завршен. Инвестицијата за овој проект изнесува повеќе од 160 илјади евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 39-годишен кумановец

Во наредиот период со поддршка од централната власт започнува со реализација уште еден крупен инфраструктурен проект во општината Старо Нагоричане, а тоа е изведба на систем за водоснабдување во населеното место Алгуња, со кој се решава децениско прашање за жителите на ова населено место. Инвестицијата изнесува повеќе од 500 илјади евра и градежните работи се очекуваат да започнат во периодот што следи.

 

Loading...

 

Дополнително, општина Старо Нагоричане има на располагање неповратни средства во висина од околу 800 илјади евра, обезбедени со Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта, кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Општината е во процедура на изработка на неколку проекти за реконструкција на локални улици и патишта и очекуваме во најбрз можен рок кога истите ќе бидат завршени и одобрени да започне нивната реализација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат жител на Матејче

 

 

Кога има добра соработка и комуникација помеѓу централната и локалната власт, тоа се гледа на терен преку реализираните проекти.

Loading...

Министерството за транспорт и врски продолжува со поддршка на локалните самоуправи и реализацијата на квалитетни проекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на рамномерниот регионален развој во руралните и урбаните општини.