Италијанец е првиот човек во светот кој е позитивен на мајмунски сипаници, ковид 19 и ХИВ во исто време.
36-годишен пациент дошол на лекар откако по враќањето од петдневното патување во Шпанија, каде имал незаштитен секс со мажи, добил висока температура, болки во грлото и главата, како и воспаление во пределот на препоните.
Три дена по појавата на симптомите, тој бил позитивен на корона вирусот, објави стручниот магазин „Journal of Infection“.
Само неколку часа по позитивниот тест за корона, на неговата лева рака се појави црвенило.
По неколку дена, сипаници се прошириле по целото тело, па бил примен во болницата во Таканија.
На клиниката се направени низа тестови при што е утврдено дека е позитивен на мајмунски сипаници, ковид 19 и ХИВ.
Тестот за ХИВ покажал високо ниво на вирусот, а негативниот тест направен пред една година покажал дека тој неодамна бил заразен.
По една недела тој бил пуштен од болница, откако се опорави од ковид19 и мајмунски сипаници.
„Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и ковид 19 може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција важно е да се испитаат сексуалните навики за да се дојде до правилна дијагноза“, велат научниците од Универзитетот во Катанија во својата извештај.
Тие предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето сè уште е заразно.
Бидејќи ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема, велат, доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот.
Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.