Триесетгодишен жител на липковското село Гошинце бил приведен вчера на Меѓународниот аеродром Скопје.
Loading...
– На 23.08.2022 во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Р.С.(30) од селото Гошинце, општина Липково, затоа што било констатирано дека во службената евиденција евидирал со мерка „апси“ поради кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски