Пресуши езерото Акгол во Турција

Сподели со своите пријатели

Езерото Акгол во источна Турција се протега на површина од 407 хектари, опкружено со дрвја. Поради екстремните температури и високите испарувања, езерото пресуши.

Loading...

Езерото е дом на различни видови птици, во текот на годината акумулира голема количина на вода од врнежите и топењето на снегот во пролет.

Неодамна се претвори во пуста земја поради екстремно топлото време и брзото испарување на водата.

„Во иднина мочуриштата ќе изгубат простор или ќе пресушат. Ова ќе се случи во многу земји во светот. Голем дел од езерата во Ван, особено во повисоките области каде што има проблем со врнежи, ќе пресушат“, изјави Фарук Алаединоглу, професор по географија на турскиот универзитет Ван.

Тој посочува дека во текот на летото езерото пресушува поради недоволните врнежи. Ова се случува од 2020 година.