Девет лица загинаа во експлозија во Сирија

Сподели со своите пријатели

Во ракетен напад во северна Сирија на пазар во градот Ал Баб, кој го држат опозициските борци поддржани од Турција, загинаа најмалку девет лица, а десетици беа ранети, објавија воените набљудувачи и службите за итни случаи.

Loading...

Нападот на градот се случи неколку дена откако во турски воздушен напад загинаа најмалку 11 сириски војници и курдски борци поддржани од САД.

Сириската опсерваторија за човекови права, опозициски воен мониторинг, ги обвини сириските владини сили за гранатирањето, велејќи дека тоа било како одмазда за турскиот воздушен напад.

Опсерваторијата извести дека во нападот загинале најмалку 10 лица, а повеќе од 30 се ранети.

Турција започна три големи прекугранични операции во Сирија од 2016 година и контролира одредени територии на северот на земјата.