Црноморската флота доби нов командант

Сподели со своите пријатели

Вицеадмиралот Виктор Соколов објави дека е назначен за вршител на должноста командант на руската Црноморска флота.

Loading...

„По наредба на министерот за одбрана на Руската Федерација од 10 август бев назначен за вршител на должноста командант на Црноморската флота. Денеска го одржувам првиот состанок со вас“, им рекол Соколов на младите дипломирани офицери во Севастопол, пренесува Интерфакс.

 

 

 

Од мај 2019 година до неодамна, командант на Црноморската флота беше Игор Осипов.

Според достапните податоци, Виктор Соколов е началник на Воено-поморската академија „Адмирал Кузњецов“.

Пред тоа, од 2013 до 2020 година, тој беше заменик командант на Северната флота.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.