Четири пожари вчера гореле на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во атарот на селото Ваксинце во Општина Липково гореле сува трева и стрниште. Таму во период од 15:05 до 16:30 часот интервенирале тројца пожарникари.
Втората интервенција на кумановските пожарникари била во липковското село Слупчане каде исто така горела сува трева. Таму во период од 15:40 до 17:50 часот интервенирале тројца пожарникари.
Во населбата Перо Чичо тројца пожарникари во период од 22:00 до 22:40 гаснеле запален смет.
Интервенција бележат и пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане. Во селото горело стрниште, а во период од 20:10 до 20:35 часот интервенирале двајца пожарникари.
Никола Ивановски