Во ракетниот напад врз украинскиот град Харков, седум лица загинаа, а 17 беа ранети.
Loading...
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави дека руските единици во текот на ноќта извршиле ракетен напад врз трикатница во Харков.
Терехов изјави дека седум лица загинале, а 17 се ранети.
Тој додаде дека на сите ранети им била укажана лекарска помош, а пронајдено е и привремено сместување за оние кои останале без покрив над главата.
„Нека ги бомбардираат Харков и Украина колку сакаат, ние не само што ќе преживееме, туку и ќе победиме. Ќе ја победиме Русија и смртта“, рече Терехов.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Рачно напишани пораки од Ким Џонг Ун пронајдени кај севернокорејските војници во Курск
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.