Напаѓачот изненаден што Ружди преживеа

Сподели со своите пријатели

Хади Матар, осомничениот напаѓач на Салман Ружди, изјави дека бил изненаден кога дознал дека славниот писател го преживеал нападот, пренесува АП.

Loading...

Во интервју за американски Њујорк пост од затвор, Матар (24) рече дека „прочитал неколку страници“ од романот на Ружди „Сатански стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако видел објава на Твитер дека авторот би бил гостин во Институтот Чаутаука во американската сојузна држава Њујорк.

„Не ми се допадна таа личност, мислам дека не е добар. Тој е некој што го нападна исламот, ги нападна неговите верувања и религиозниот систем“, нагласи Матар и додаде дека гледал видеа од Ружди на Јутјуб, пренесе АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  1.800 евра, сместување и работа: Сè повеќе доброволци за германската армија

Матар, исто така, рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но одби да каже дали нападот бил инспириран од фатвата што поранешниот ирански врховен лидер ја издаде против писателот по објавувањето на Сатанските стихови.

Тој ги отфрли тврдењата дека бил во контакт со иранската Револуционерна гарда.

Ружди во петокот требаше да одржи предавање за уметничката слобода во Чаутаука, но 24-годишниот Матар го нападна со нож.

Иако состојбата на 75-годишниот автор со индиско потекло останува сериозна, тој е изваден од респиратор и може повторно да зборува.

Матар, кој е обвинет за обид за убиство и напад, изјави за New York Post дека заминал за Бафало еден ден пред нападот, а потоа во Чаутаука, на околу 40 милји.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 10.000 луѓе во Јапонија хоспитализирани минатата недела поради топлотен удар

Тој купил билет за трибината, а потоа спиел на тревата ноќта пред закажаното појавување на Ружди во институтот.

Семејството на Матар дошло во САД од Либан, прво се населило во Калифорнија, пред неговите родители да се разведат.

Таткото се вратил во Либан, а мајката се преселила во Њу Џерси.

Мајката на Матар изјавила дека од патувањето на Блискиот Исток во 2018 година, каде што отишол да се види со својот татко, нејзиниот син се вратил како променет човек и дека станал поповлечен и попосветен на исламот.