САД и Тајван постигнаа важен договор, се чека реакцијата на Кина

Сподели со своите пријатели

САД и Тајван во средата се согласија да започнат трговски разговори според нова иницијатива, велејќи дека сакаат да постигнат договори со „економски значајни резултати“, што е уште еден знак за зголемена американска поддршка за островот за кој Кина тврди дека е нејзина територија.

Loading...

Вашингтон и Тајпеј ја претставија Трговската иницијатива на САД и Тајван на 21-от век во јуни, само неколку дена откако администрацијата на Бајден го исклучи островот, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, од нејзиниот економски план фокусиран на Азија, дизајниран да се спротивстави на растечкото влијание на Кина.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД објави дека двете страни „постигнале консензус за преговарачкиот мандат“ и дека првата рунда преговори се очекува да се одржи на почетокот на оваа есен.

„Планираме да продолжиме со амбициозен распоред за да постигнеме обврски со високи стандарди и значајни резултати што опфаќаат единаесет трговски области во преговарачкиот мандат што ќе помогне да се изгради поправедна, попросперитетна и поотпорна економија на 21 век“, рече заменик-трговската претставничка на САД Сара Бјанки.

Во преговарачкиот мандат се наведува дека САД и Тајван поставиле широка агенда за дискусии за прашања како што се олеснувањето на трговијата, добрите регулаторни практики и отстранувањето на дискриминаторските бариери за трговијата.

Се вели дека почетокот на официјалните разговори ќе биде насочен кон постигнување договор со „превземени обврски со високи стандарди и економски значајни резултати“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.