Loading...
Времето денес ќе биде променливо облачно, во западните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.Максималната температура на воздухот ќе се движи ви интервалот од 5 до 11 степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање и ќе преовладува сончево време со умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.