Ќе се постават фотоволтаици на три кумановски училишта

Сподели со своите пријатели

Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово, информираа денеска надлежните од општината.

Loading...

– Врз основа на спроведената постапка за поставување на фотоволтаици, одделението за јавни набавки при Општина Куманово, со оваа тендерска постапка планирано е да бидат поставени фотоволтаици во општинските средни училишта: СОУ-Гимназија „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, информираа од општината.

Општина Куманово неодмана избра фирма за поставување фотоволтаици. Како што е наведено на страната на електронскиот систем за јавни набавки за проектирање и изведба на фотонапонски централи на средни училишта во Општина Куманово избрана е скопската фирма „КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ увоз-извоз“. Според склучениот договор општината ќе одвои 2.888.480,70 денари со вклучен данок на додадена вредност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата (ФОТО)

Согласно договорот фирмата ќе поставува фотоволтаици по поединечни налози договори, роковите ќе бидат утврдени со секој поединечен налог. Инаку, фирмата е должна да обезбеди и гаранција на поставените фотоволтаици.

По енергетската криза Куманово, преку локалниот економско социјален совет организираше неколку средби со компании, бизнис заедницата, но и со претставници на училишта, градинки други јавни општински установи кои имаа можност да слушнат за придобивките од поставување на фотонапонски панели, за можностите за олеснување и ублажување на последиците од кризата, преку практични примери кои ги презентираа корисниците на панелите.

МИА