Москва: Соборени три украински авиони и седум ракети ХИМАРС

Сподели со своите пријатели

Руските воздушни сили соборија три украински авиони во областа Николаев, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Loading...

„Ракетите со висока прецизност на руските воздушни сили го уништија складиштето за муниција на 54-та механизирана бригада. Во таа прилика загинаа околу 30 војници, а уништени се повеќе од 6.000 артилериски и минофрлачки гранати од различен калибар, како и седум возила, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Руското Министерство наведува дека биле соборени три украински авиони: Су-25, МиГ-29, Су-27 и девет беспилотни летала.

„56-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените сили на Украина беше исфрлена од стројот бидејќи околу 70 отсто од персоналот беше уништен. Повеќето резервисти кои требаше да ги надоместат загубите одбија да одат на фронтот и дезертираа.

Освен тоа, уништени се седум магацини со муниција и ракетно и артилериско оружје, борбеното возило „гепард“ што Германија му го достави на режимот во Киев и фрлачот на украинскиот противвоздушен ракетен систем С-300;

Уништени се две украински батерии „Град“, како и две артилериски батерии Д-20 и две хаубици Д-30, се наведува во соопштението за печатот на руското Министерство за одбрана.

Според неофицијални информации на Соледар, по ослободувањето на фабриката „Кнауф“, украинската војска без борба се повлекла од источниот дел на градот.

Руската армија го „чисти“ овој простор.

Loading...

Според рускиот воен известувач Евгениј Подубини, украинските единици продолжуваат да се повлекуваат во правец на Артјомовск (Бахмут).

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.