13 лица загинаа во гранатирањето на Дњепропетровск

Сподели со своите пријатели

13 лица загинаа во руското гранатирање на областа Дњепропетровск во централна Украина, соопшти денеска гувернерот на таа област, Валентин Резниченко, ревидирајќи го првичниот биланс на загинати, во кој се наведува дека животот го загубиле 21 лице.

Loading...

Во градот Марганец во таа област оштетени се 20 згради, додаде Резниченко, пренесе Ројтерс.

Оваа информација ја објави на социјалната мрежа Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.