МРК Куманово се засили со српски интернационалец

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово во своите редови донесе српски интернационалец кој ќе го засили клубот во претстојната сезона.

Loading...

Станува збор за Вучко Мрвовиќ, 21-годишен српски младински репрезентативец со потекло од Смедеревска Паланка.

Мрвовиќ е висок 196 сантиметри и игра на позицијата лев бек.

Во својата ракометна кариера има настапувано за екипите на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица.

Има и интернационално искуство бидејќи има настапувано за грчкиот суперлигаш Филипос Верија.

– Вучко се прилагодува во нашата екипа и има позитивни очекувања за предстојната сезона, велат од клубот.

Кумановци годинава ќе се преселат во Суперлигата на домашниот шампионат поради добриот пласман минатата сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски

Никола Ивановски / фото: Инстаграм

Loading...