Руска амбасада: Милитантите од Азов заслужија да бидат погубени со бесење

Сподели со своите пријатели

На официјалниот Твитер профил на руската амбасада во Велика Британија е објавен статус во кој се наведува дека припадниците на баталјонот Азов заслужуваат смрт со бесење.

Loading...

„Милитантите од Азов заслужуваат да бидат убиени, но не со огнено оружје, туку со бесење“, се вели во соопштението на амбасадата.

Во соопштението се вели и дека тие „не се вистински војници“ и дека „заслужуваат понижувачка смрт“.

Твитер објави предупредување дека објавата ги прекршува правилата на мрежата, но не ја отстрани.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

 

Нападнат затвор во кој имало затвореници

Да потсетиме, повеќе од 50 украински воени затвореници, меѓу кои и членови на баталјонот Азов, кои беа заробени во мај додека го бранеа јужниот град Мариупол, беа убиени во ракетен напад врз затвор во таканаречената Доњецка Народна Република.

Loading...

Генералштабот на вооружените сили на Украина ги повика ОН и Црвениот крст да ја истражат смртта, тврдејќи дека Русија го таргетирала логорот за да го прикрие односот кон воените заробеници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот го извршила артилерија Химарс од американско производство и ја обвини Украина за „намерно извршена“ провокација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин