Украина: Не ги убивме азовците, Русите ги кријат убиствата и тортурата

Сподели со своите пријатели

Официјален Киев го објави наводниот напад на украинската армија врз затворот во Оленивка, во источниот регион на Доњецк.

Loading...

Русите, да потсетиме, тврдат дека во украинскиот ракетен напад на затворот во кој се наоѓале заробените бранители на Мариупол, припадници на Азовскиот полк, загинале 53 воени заробеници.

 

Први снимки од затворот во кој се убиени 40 украински војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

 

„Вооружените сили на Руската Федерација извршија насочен артилериски напад врз зградата на затворот во населбата Оленивки во регионот Доњецк, каде што се чуваа украински затвореници. На тој начин руските окупатори се обидоа да ги постигнат своите криминални цели – да ја обвинат Украина за извршување воени злосторства и за криење на тортура и убиства на затвореници“, се вели во соопштението на украинската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски команданти разрешени и уапсени, лажеле за успесите на бојното поле

„Вооружените сили на Украина, кои целосно се придржуваат до принципите и нормите на меѓународното хуманитарно право, никогаш и не ја бомбардираат цивилната инфраструктура, особено не областите каде што најверојатно ќе бидат држени воени заробеници“, се вели во соопштението на армијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...