Русија: Украинците ги убија азовците во затвор за да ја заплашат сопствената војска

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека наводниот украински напад врз затворот во кој се држеле воените заробеници од Мариупол е „крвава провокација“ и „обид да се заплашат украинските вооружени сили да не се предадат“.

Loading...

Русите тврдат дека во тој затвор биле затворени припадниците на Азовскиот полк, кој заедно со маринците го бранеле Мариупол со месеци.

„Во моментов, голем број украински војници доброволно го полагаат оружјето, знаејќи дека руската страна се однесува хумано кон воените затвореници. Оваа провокација е направена со цел да се заплашат украинските војници и да се спречи нивното предавање“, изјави портпаролот на руското Министерство за Одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Следниот Чернобил “: Најновите руски напади врз Украина може да доведат до катастрофа за светот

 

Први снимки од затворот во кој се убиени 40 украински војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

 

Украинските власти сѐ уште без коментар

Руското Министерство за одбрана тврди дека во наводниот напад загинале 40 украински воени заробеници, а 75 се ранети. Тие тврдат и дека се ранети осум чувари.

Украинските власти сѐ уште не го коментирале наводниот напад. Руските тврдења за него не се независно проверени.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.