Најмалку 40 лица загинаа, а 130 се ранети кога украинските вооружени сили го гранатираа затворот во Јеленовка во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР), каде што се чуваат украинските воени затвореници, изјави Данил Безсонов, првиот заменик министер за Информации на ДПР, објавени денеска.
Безсонов на Телеграм изјави дека украинските сили, кои го извршија нападот во текот на ноќта, најверојатно го користеле повеќецевниот ракетен фрлач Химарс.
„Тоа беше директен удар на касарната со воени заробеници. Резултатот засега е 40 убиени и 130 ранети“, рече тој и предупреди дека тие бројки може да се зголемат.
Тој додаде дека членовите на украинскиот баталјон Азов биле заробени во касарната.
Урнатините сѐ уште се расчистуваат.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.