Еден професор по математика и информатика од Параќин, Србија, од празни лименки од пиво направил соларен панел кој температурата на воздухот од минус 5, ја загрева на плус 52 степени Целзиусови, пренесува српски „Курир“.
Loading...
39-годишниот Дарко Миличевиќ создал мал експериментален панел кој нема сил доволна сила целосно да загрее соба, но Миличевиќ за српските медиуми тврди дека овој негов изум функционира.
Минатата зима пребарував на интернет за алтернативни начини на загревање. Најдов премногу различни идеи, а оваа ми привлече најглемо внимание бидејќи ми се чинеше дека е наједноставна. Купив иверка, стиропор за изолација, боја , силикон. Пред зимата плочата ја намонтирав на јужниот ѕид на куќата бидејќи тука сончевите зраци се најсилни – изјавил Миличевиќ.
Составот за греење со помош на лименки функционира така што студениот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран состав го загреваат сончевите зраци во лименките. Воздухот природно се движи и најмногу влегува во куќата низ отвор во ѕидот – објаснил професорот по математика и информатика.
Loading...
На 31 декември кога температурата надвор била минус 5 степени Целзиусови, во дневната соба на Миличевиќ влегувал топол воздух со температура од 51,8 степени. Недостатокот на овој изум е тоа што работи само кога денот е сончев.