Габриела Величковска е најновото засилување на Женскиот ракометен клуб Куманово, која минатата недела и официјално стави потпис на договорот.
Loading...
Дваесет и седумгодишната Величковска игра на позицијата лев и среден бек.
Член е на женската репрезентација на Македонија, а четири сезони има одиграно во клубовите на Ле Пузен и Кот Баске во Франција.
Во својата ракометна кариера го има носено и дресот на Металург, Пелистер и Кожувчанка.
Никола Ивановски