Египет го ограничува пристапот до пирамидите

Сподели со своите пријатели

Неодамна на социјалните мрежи кружеа гласини дека египетското Министерство за туризам и антиквитети сака да им забрани на децата помлади од 18 години да влегуваат во областа на пирамидите во Гиза, што Министерството го демантираше. Сепак, од јули не секој ќе може да пристапи до оваа област, пишува Egyptindependent.

Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Мустафа Вазири, објасни дека оваа одлука се однесува на делумната забрана за влез во областа на Големите пирамиди во Гиза за лица до 16 години во петок, сабота и празници, како и посетители кои имаат лична карта, и оние кои доаѓаат во придружба на постаро лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск: WhatsApp не е безбеден, Signal е сомнителен, користете X Chat

 

 

Вазири додаде дека оваа одлука ќе почне да се применува од јули.

Пред неколку недели се случи инцидент кога 13 тинејџери сексуално вознемируваа туристи во овој регион, што ги налути корисниците на социјалните мрежи, кои побараа да се преземат мерки за да се спречат слични инциденти.