Инфлацијата во САД највисока во последните 40 години

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во Соединетите Американски Држави (САД) дополнително се забрза во мај, при што потрошувачките цени се зголемија за 8,6 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи највисока стапка од декември 1981 година, соопшти Бирото за статистика на трудот.

Loading...

Со исклучок на нестабилните цени на храната и енергијата, таканаречената базична инфлација се зголеми за шест во мај, пишува CNBC.

Во однос на април, потрошувачките цени во САД пораснале за еден отсто, а базичната инфлација за 0,6 отсто, пренесува Танјуг.

За забрзување на инфлацијата придонесоа највисоките поскапувања на становите, бензините и храната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск шокира со својот план: Мора да ги намали трошоците, сака да го затвори ФБИ и да отпушти 1,5 милиони луѓе

Цените на енергијата генерално пораснаа за 3,9 отсто на месечно ниво и 34,6 отсто на годишно ниво.

Во таа категорија, мазутот поскапе за 16,9 отсто во однос на април, а на годишно ниво за неверојатни 106,7 отсто.

Цените на становите, кои сочинуваат околу една третина од тежината во индексот на потрошувачките цени, се зголемија за 0,6 отсто за месецот, што е најбрз пораст во еден месец од март 2004 година.

Тие се зголемија за 5,5 отсто на годишно ниво, најмногу од февруари 1991 година.

Loading...

Цените на храната се зголемија за 1,2 отсто во мај во однос на претходниот месец, со што нивниот годишен раст достигна 10,1 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4.000 рудари заробени во рудник: Властите негираат одговорност за нив, а тие останаа без храна и вода