Грчката полиција соопшти дека меѓу бананите увезени од Јужна Америка пронашла 300 килограми кокаин.
Loading...
Четири лица од Велика Британија се уапсени, а по петтиот се трага, но се верува дека не е во Грција.
Според полицијата, запленетата дрога била наменета за други европски земји и Австралија.
Во акцијата била вклучена италијанската полиција и Одборот за контрола на наркотици на САД (ДЕА).