Фабриката од Прешево продолжува да ги труе кумановци (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фабрика од Прешево лоцирана на самата граница со Србија продолжува да го загадува воздухот во Куманово, а најмногу страдаат жителите на кумановското село Табановце кое се наоѓа од македонска страна на граничната линија.

Loading...

До редакцијата на Кумановски Муабети вчера пристигна и видео снимка од фабриката од каде се гледа дека излегува густ чад, за кој жителите велат дека шири неподнослива миризба, создава гребење во грлото и печење во очите.

Најинтензивна непријатна миризба на запалени гуми и прагови се шири во вечерните часови од 19 до 22 часот велат жителите на Табановце.

– Непријатна е миризбата за дишење, на запалена гума, како изгорен асфалт и тоа доаѓа од пределот на Србија од Прешево до кај српската граница мислам дека се пали нешто, велат мештаните.

 

 

Ваквата состојба трае веќе десетина дена, а освен во Табановце, непријатниот мирис се шири и во центарот на Куманово.

Loading...

Надлежните инспекциски служби при Општина Куманово интензивно со денови трагаа по загадувачите, но не го пронајдоа на територијата на градот, туку по реакција од мештаните на селото Табановце реакција упатиле до Државниот инспекторат за животна средина во чија надлежност е прекуграничното загадување.

– Стапено е во контакт со помошник министер за инспекциски надзор во Србија, тие имаат подрачна единица во Прешево и во текот на денот треба да се добијат информации од нивна страна, велат надлежните инспекциски служби.

Порталот Кумановски Муабети утринава испрати прашања до Министерството за животна средина на Република Србија, но до објавување на овој текст не добивме никаков одговор.

Мерните станици во Куманово го регистрираат загадувањето

Мерните станици за квалутет на воздухот поставени од Општина Куманово покажуваат енормно покачување на загаденоста, пред се кога е во прашање јаглерод моноксидот.

Така станиците кај ООУ „Кочо Рацин“ и противпожарната станица во Куманово покажуваат умерно загадување, но станицата кај ОСТУ „Наце Буѓони“ го има достигнат опасното ниво.

 

Loading...

 

 

 

Аерозагадувањето е типично за Куманово додека трае грејната сезона, но во тој период се бележи зголемено ниво на ПМ10 честички во воздухот, кое сега е во рамките на добро или умерено ниво, за разлика од опасното ниво на јаглерод моноксид кое го регистрираат сите мерни станици во градот, освен онаа на градскиот плоштад.

 

 

Loading...

Државната мерна станица на Министерството за животна средина моментално не прикажува никакви податоци освен присуство на ПМ10 честички, а неофицијално истата воопшто и не работи.

Никола Ивановски