Светската здравствена организација прими извештаи за 257 потврдени случаи на мајмунски сипаници и околу 120 сомнителни случаи во 23 земји каде што вирусот не е ендемичен, според неделното ажурирање.
Во САД, Центрите за контрола и превенција на болести објавија 12 случаи во осум држави во петокот попладне.
Во пет африкански земји каде што мајмунските сипаници се вообичаени, СЗО соопшти дека примила извештаи за 1.365 случаи и 69 смртни случаи од вирусот. Овие болести биле пријавени во различни периоди од средината на декември до крајот на мај.
Не се пријавени смртни случаи во неендемични земји.
„Од 2017 година, неколку смртни случаи од мајмуни сипаници во Западна Африка се поврзани со млада возраст или нетретирана ХИВ инфекција“, се вели во извештајот на СЗО во неделата.
Германија подготвува резервен план ако Русија го прекине гасот
СЗО соопшти дека мајмунските сипаници во моментов претставува „умерен ризик“ за јавното здравје на глобално ниво, откако се пријавени случаи во земји каде што досега не биле присутни.
– Ризикот по јавното здравје би можел да стане поголем доколку вирусот ја искористи можноста да се издигне како човечки патоген и да се прошири на групи со висок ризик, како што се малите деца и луѓето со ослабен имунитет – соопшти СЗО.
СЗО истакна дека ненадејната појава на мајмунски сипаници во неколку неендемични земји укажува на тоа дека постои неоткриен пренос веќе некое време.
Здравствената агенција на ОН очекува да бидат пријавени повеќе случаи, бидејќи надзорот на вирусот се интензивира во ендемични и неендемични земји.
Најмногу случаи досега се откриени во Велика Британија, Шпанија и Португалија.
Агенцијата ги повикува здравствените работници внимателно да ги следат можните симптоми како што се осип, треска, отечени лимфни јазли, главоболки, болки во грбот, болки во мускулите и замор и да понудат тестирање на секој што ги има овие симптоми.
Сепак, имајќи предвид дека повеќето од првичните случаи на оваа епидемија биле пријавени главно меѓу хомосексуалците, „треба да се вложат сите напори“ за да се избегне стигматизирање на засегнатите луѓе и заедници, соопшти СЗО.