Одмаздата го лекува скршеното срце: Момчето ја оставило поради кариерата, а таа сега е со неговиот шеф (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во последно време се почесто се „раскинуваат“ емотивните врски и бракови бидејќи еден од партнерите не сака семеен живот, туку сака да поработи на кариерата.

Loading...

Додека едни со разбирање го прифаќаат раскинувањето, други смислуваат план како да му се одмаздат на поранешниот партнер.

 

 

Една од нив е Полина Ниџоли (26), руска актерка, филмска продуцентка и инфлуенсерка, која решила да му се одмазди на своето поранешно момче на, како што вели, најдобар можен начин.

Со оглед на тоа што е многу активна на социјалните мрежи, Полина објави видео на ТикТок во кое откри дека нејзиното поранешно момче ја оставило поради нејзината кариера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателитите Starlink на Маск ги попречуваат астрономските истражувања

– Ми раскина бидејќи сака да се фокусира на кариерата, а сега излегувам со сопственикот на неговата компанија. Одмаздата треба да се сервира ладна – рече Полина.

Loading...

 

 

Од објавувањето, видеото е прегледано 1,2 милиони пати и има повеќе од 1.500 коментари.

– Моќен потег. Ти си мојата инспирација – напишала една девојка.

– Интересно е што направи. Сепак, поставувам едно прашање. Дали сте со сопственикот на фирмата само за парите – прашала една девојка, а Полина одговорила:

– Драги мои, заработувам милиони и имам своја компанија со 100 вработени. Дали треба да излегувам со некој што е полош од мене? Не, благодарам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е пејџер и како работи? Експлозии потсетуваат на заборавен уред!

 

Loading...
@polina.nioly♬ original sound – Lethilda