Денис Николиќ Гареја и Андреја Краљевски од Куманово кои се членови и натпреварувачи во Мото Клубот „Сторм Рајдерс тим“ Куманово викендов ќе се натпреваруваат на мотокрос натпреварот од српскиот мотокрос шампионат кој ќе се одржи на патеката Глобаре, Србија близу Крушевац.
На натпреварот ќе учествуваат повеќе од 60 натпреварувачи во различни класи МХ1, МХ2, МХ ,Мх85, Мх50.
Денис и Андреја ќе се натпреаруваат во МХ2 класата (мотори до 250 кубици). Ова за нив е прва трка на која ќе учествуваат надвор од Македонија.
Тие учествуваа на првата трка на македонскиот шампионат која се одржа на 30ти април на патеката Лагово, Прилеп и остварија добри резултати, Денис во класата МХ2 го освои 2рото место а Андреја 4то место.
Наредната трка од македонскиот шампионат ќе се одржи на патеката Смолево, Битола на 5ти јуни.