Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз на домашен терен во рамките на плеј аут завршницата од сезоната од екипата на Кожув со резултат 66:73.

Лошиот почеток на кумановци тешко можеше да се надокнади и тимот во текот на целиот меч беше во негатива пред гостите од Гевгелија.

Првото полувреме заврши со резултат 21:45 за Кожув, што значеше дека сино-белите ги очекува пеколно второ полувреме за да успејат да стигнат до некаков пресврт.

Сепак пресврт немаше ниту во второто полувреме, иако кумановци беа подобри и ја намалија резултатската предност на седум поени на крајот.

Во тимот на Куманово најефикасен со 22 поени беше Петар Николиќ, со 14 Андрија Марјановиќ, еден помалку впиша Стеван Глигоријевиќ, а двоцифрен број поени има и капитенот Ѓорѓи Георгиевски.

Со по 18 поени во тимот на Кожув најдобра игра имаа Декардо Деј и Тач Унрих.













Никола Ивановски

