Кумановските кик-боксери викендов на турнир во Белград (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Кик-бокс клубот „Куманово 2006“ викендов ќе земат учество на меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој ќе се одржи во соседна Србија.

Loading...

Како што информираат од КБК Куманово 2006, учество ќе земат Лука Велковски, Јосиф Илиевски, Марко Велковски и Марко Бошковски, кои со тренерот Сашо Илиевски ќе се борат да донесат нови медали.

 

 

Станува збор за турнир во организација на Кик-бокс федерацијата на Србија, а според календарот на Светската WAKO организација.

Спортскиот настан ќе биде за сите кик-бокс дисциплини и возраст, а учество се очекува да земат и голем број натрепварувачи од други клубови од Македонија и соседните држави.

 

Loading...

Никола Ивановски