ШАНГАЈ ВО БОРБА СО КОВИДОТ: Вирусот се шири и надвор од карантинската зона

Сподели со своите пријатели

Властите во Шангај денеска соопштија дека засега остануваат цврсти ограничувања за Ковид 19, дури и во окрузите кои успеале да го доведат бројот на нови инфекции на нула бидејќи вирусот повторно се шири надвор од карантинските зони.

Loading...

Градските власти регистрирале 15.861 нови асимптоматски случаи и 2.634 симптоматски случаи.

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Уште осум лица починаа од Ковид 19, па вкупниот број на починати во градот се искачи на 25.

Централниот кварт Џинган, каде живеат близу милион луѓе и каде се наоѓаат најпопуларните трговски центри, утринава објави дека на жителите повеќе не им е дозволено да излегуваат надвор поради ризикот од големите собири.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател

Заменик-гувернерот на округот Чонгминг на редовната прес-конференција рече дека повеќето ограничувања остануваат на сила, но дека 90 отсто од 640.000 жители теоретски можат да ги напуштат своите домови.

Loading...

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Супермаркетите остануваат затворени, возилата не можат да се движат без одобрение и само едно лице од домаќинството може да излегува од дома секој ден во Чонгминг, рече заменик-гувернерот Џанг Житонг.

Надвор од карантинските подрачја регистрирани се 441 новозаразено, додека претходниот ден имало 390.