Русија контролира 80 отсто од територијата на Луганск, соопшти денеска гувернерот на Луганската област Серхи Хајдаи.
Loading...
„Да, Русите контролираат 80 отсто од територијата на Луганск. Кремина е под руска контрола, како и Рубижне и Попасна. Борбите продолжуваат“, напиша Хајдај на Фејсбук.
Loading...
Тој додаде дека мртовечниците и болниците на „привремено окупираните територии“ се полни, а регионот на Луганск е „полн со непријателски трупови“.