Чеченските борци заедно со руските и проруските сили во украинскиот регион Луганск го зазедоа градот Рубижне и блиската Кремина, според снимките што кружат на социјалните мрежи.
Сликите од Рубижне покажуваат значително уништување во центарот на градот и северните области.
Се чини дека руските сили и сепаратистите поддржани од Русија слободно се движат низ градот.
Снимката нема да ја објавиме бидејќи, меѓу другото, се гледаат чеченски борци кои позираат со осакатени тела.
Вчера регионалниот воен администратор на Луганск Серхи Хаидаи ги негираше информациите дека градот паднал.
Сепак, тој за Си-Ен-Ен изјави дека 80 отсто од регионот Луганск е под руска контрола.
Во Кремина, град на 11 километри западно од Рубижне, сепаратистичките сили поддржани од Русија истакнаа руски и сепаратистички знамиња на владините згради.
Рубижне и Кремина се стратешки важни бидејќи се наоѓаат во областа што им е потребна на руските сили за да напредуваат кон запад и да се поврзат со силите кои напаѓаат југоисточно од Изум.