Украина бара европска алтернатива на „Старлинк“

Сподели со своите пријатели

Игор Жовква, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина работи на европски алтернативи за сателитските комуникации на Старлинк, како и за американските системи за воздушна одбрана.

Тој изјави за „Еуроњуз“ дека европската програма за антибалистички ракети ФРЕЈА напредувала кон директен ангажман меѓу одбранбените компании.

„Ни треба европски еквивалент на систем за воздушна одбрана“, рече тој, додавајќи дека Украина има намера да преземе водечка улога во неговиот развој.

Кога беше прашан за Старлинк и европските алтернативи на него, Жовква само рече дека напредокот ќе дојде многу побрзо отколку што очекуваа скептиците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица загинаа во рускиот напад врз Харков, повеќе повредени во Одеса

„Имаме јасен распоред и рокови. Ќе биде многу побрзо од 10 или 15 години, па дури и побрзо од пет“, рече тој.

Тој, исто така, нагласи дека Европа мора да биде вклучена во сите преговори за завршување на војната, тврдејќи дека идната безбедност на Украина е неразделна од безбедноста на поширокиот континент, пренесува Танјуг.