Медведев: Меѓународна правна битка за запленување на руски имот

Сподели со своите пријатели

Москва ќе се бори пред судовите ширум светот против обидите да се заплени руски имот во странство, објави на Телеграм потпретседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Loading...

„Нашите противници треба да разберат дека ќе се соочат со голем број случаи во судовите. И во националните судови на САД и Европа и во меѓународните судови“, рече Медведев, пренесува Ројтерс.

 

Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство

 

Од друга страна, рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Москва работи на одговор на новиот пакет санкции на Европската унија.

„Секако ќе преземеме одмазднички мерки, работиме на соодветни мерки за заштита на нашите легитимни интереси на економски план и во други области“, рече Грушко, пренесува ТАС С.