Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата во видео обраќањето емитувано на доделувањето на наградите Греми во Лас Вегас ги повика гледачите да ги поддржат Украинците „на кој било начин“.
„Што е спротивно на музиката? Тишината на уништените градови и убиените луѓе“, рече Зеленски на снимката емитувана пред настапот на американскиот пејач Џон Леџенд и украинскиот поет Љуба Јакимчук.
„Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажеме нашата приказна. Поддржете нѐ на кој било начин. Секаква, но не и тишина“, рече Зеленски, облечен во темнозелена маица, на англиски, со рапав глас.
Војната избувна во Украина пред повеќе од еден месец откако руските воени сили ги нападнаа областите на север, исток и југ од земјата, раселени милиони цивили и претворајќи цели градови во урнатини.
Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“.