Најсушен период во последните пет години: Липково и Глажња исполнети само половина

Сподели со своите пријатели

Исполнетоста на акумулациите Липково и Глажња е педесет проценти, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Куманово-липковско поле“.

Loading...

Вода за пиење ќе има, можни се рестрикции за наводнување за земјоделците, најавија одговорните. Овие месеци од почетокот на годинава, но и претходните месеци, есента 2021 година речиси и да немаше врнежи во овој регион.

– Овој период беше еден од најсушните во последните пет години. И оваа година покрај овој сушен период успеавме да акумулираме вода околу 14 милиони метри кубни. Се исплатија нашите инвестиции во претходните три години во санирањето на системот за наводнување и за дотур на вода во ЈП „Водовод“. Оваа количина ќе биде доволна за снабдување на Куманово со вода за пиење, додека за земјоделците ќе имаме одредени рестрикции оваа сезона доколку не дојде до побилни врнежи од дожд. Ние и оваа година ќе доставиме доволни количини на вода до филтер станица на ЈП Водовод односно целокупната побарана количина ќе им биде доставена, изјави директорот на кумановското водостопанство, Оливер Илиевски.

 

 

Граѓаните ќе имаат доволно вода за пиење, уверуваат од „Водостопанство“. Вкупната побарана количина вода од ЈП „Водовод“ ќе биде доставена. На планината нема значителни количини снег.

– Тоа се мали количини на снег кои сè уште стојат на планината околу Глажња и Липково и овие се мали врнежи од дожд. Очекуваме дека во текот на април или мај да има поголеми врнежи и да се наполни капацитетот на браните. Простор за паника нема, ние ќе успееме да ги опслужиме и Куманово со вода за пиење и земјоделците со одредени рестрикции како и минатите години, вели Илиевски.

Loading...

„Кумановско-липковско поле“ во изминативе две сезони спроведувало рестрикции за земјоделците со тоа што имале три дена вода за наводнување, два немале, а претходно биле навремено известени.

 

 

– Доколку остане овој капацитет на браните, сега земјоделците ќе имаат два дена за наводнување, три ќе немаат вода за наводнување, така ќе се заврши сезоната. Мора да кажам дека мал дел од земјоделците имаат посеви со пченица и јачмен, рече Илиевски.

Тој информираше дека екипите работат на санирање на одредени дефекти на четвртата гранка, односно на „бајпас“ кон кој се приклучува „Водовод“ Куманово. Од „Водостопанство“ очекуваат за десетина дена да се пушти и овој вод, за како што појасни Илиевски да им се излезе во пресрет на „Водовод“ и да се намали потрошувачката на електрична енергија која ја остварува претпријатието во услови на енергетска криза.

– Се надеваме дека до 15 април ќе успееме да пуштиме вода на „Водовод“ и по тој вод. Целта ни е е да не се покачува водата кон граѓаните од ЈП „Водовод“, изјави Илиевски.

МИА

Loading...