Мартовската инфлација во Австрија достигна рекордни 6,8 отсто

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во Австрија расте од месец во месец, а во март достигна 6,8 отсто, покажуваат проценките на Заводот за статистика.

Loading...

Ова е највисоката вредност од ноември 1981 година.

Во однос на февруари, цените во март скокнале за два отсто.

Главните причини за поскапувањето и натаму се енергенсите.

 

Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

 

„Новиот раст на цената на горивото ја поттикна инфлацијата да продолжи да расте“, објасни генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас, пренесува Танјуг.

Loading...

Инфлацијата во Австрија постојано расте од јуни минатата година, кога изнесуваше 2,8 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Оттогаш, инфлацијата почна да се движи нагоре, прво на 3,3 во септември, потоа 4,3 во декември и на 5,9 отсто во февруари.