Кумановец вчера пријавил во полиција дека бил измамен од член на семејството за сума од 11.500 евра.
Loading...
– На 28.03.2022 во СВР Куманово, О.Х. од Куманово пријавил дека бил измамен од член на неговото семејство за сума од 11.500 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, неговиот роднина му понудил да му го продаде возилото, меѓутоа откако поминал подолг временски период тој разбрал дека возилото било продадено, а тој не добил парични средства.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски