Чернихив опкружен со руски сили, луѓе без струја и вода

Сподели со своите пријатели

Северниот украински град Чернихив е речиси целосно опколен од руски сили, без струја, гас и вода.

Loading...

Десетици илјади луѓе останаа заробени, а некои од нив тврдат дека Русите намерно гаѓаат цивилни згради и станбени области, јавува Би-би-си.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Нападите се толку чести што Ана и нејзиниот сопруг наизменично го набљудуваат небото. Тој тоа го прави ноќе, а таа преку ден.

– Нападите се громогласни. Зградата и прозорците се тресат и не може да се спие – рече таа.

Тие, како и повеќето во Чернихив, поголемиот дел од времето го поминуваат криејќи се зад ѕидовите. Нивниот 12-годишен син ретко излегува.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блумберг: Марин Ле Пен се заканува со соборување на француската влада

– Тој е во паника. Многу деца се плашат да излезат – изјавила Ана.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Чернихив, кој се наоѓа на брегот на реката Десна, беше една од првите цели на руските трупи кои ја нападнаа Украина од Белорусија, надевајќи се дека брзо ќе стигнат до главниот град Киев, на само 144 километри јужно. Еден месец подоцна, тоа не се случи и тие сега го опколија градот.

Цивилите беа заробени без проточна вода, струја и греење и под немилосрдно бомбардирање и гранатирање.

И како Мариупол, опколениот град на Азовското Море кој ја доживеа најлошата руска бруталност, се чини дека многу малку остана недопрено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови

 

Loading...

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

– Болници, училишта, кина, историски и станбени згради. .. се е бомбардирано. Повеќето од предградијата се целосно уништени – изјави Ана.