Бајден: Не повикав на промена на режимот во Русија

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во говорот во Варшава во саботата рече дека не повикува на промена на режимот во Русија.

Loading...

– Не – одговори Бајден кога новинар во прес-салата праша дали повикува на промена на режимот во Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

На крајот од својот говор пред Кралската палата во Варшава во саботата, Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин не треба да остане на таа позиција.

„За име на Бога, тој човек не смее да остане на власт“, ​​рече Брајден.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Кремљ може да размисли да им даде нуклеарна технологија на американските непријатели

Набргу по говорот на американскиот претседател, официјален претставник на Белата куќа изјави дека Бајден не повикува на промена на режимот во Русија, но дека смета дека „не треба да му се дозволи на Путин да има моќ над соседите или регионот“.

Loading...

„Тој не зборуваше за владеењето на Путин во Русија или за промената на режимот“, рече претставникот.

 

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја отфрли забелешката на Бајден дека Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​велејќи дека Русите избираат кој ќе биде нивен лидер.

– Не е на Бајден да одлучува. Претседателот на Русија го избираат Русите – рече Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови